Дека Ријана има што да покаже уште еднаш не потсети со новата серија фотографии кои ги објавила на својот Инстаграм профил- и вреди да се погледнат!
Во последниве неколку години Ријана не престанува да издава хит по хит, а со големиот успех и таа самата е послободна и попровокативна. Познатата пејачка толку лесно освојува со својот сексапил и ставот “баш ми е гајле за целиот свет“!
25-годишната убавица од Барбадос ги покажа своите облини во минијатурното златно бикини, од кое горниот дел и го соблекла. Млада, згодна, позната и богата- можно ли е Ријана сеуште да е сама?
И додека ги гледаме нејзините нови фотографии, Ријана го снимила и модниот едиторијал за бразилски магазин, има нова линија на шминка, нова колекција на облека, а започнала и со снимање на нов албум.