Лопови роварат по германските болници, се краде сè што не е приковано за подот

Епидемија на ситни и не баш ситни кражби во германските болници. Се крадат торби, мобилни, медицинска опрема, саксии со цвеќиња… и сè друго што е на дофат, а не е приковано за подот, покажува спроведеното истражување според кое штетите годишно достигнуваат и до милиони евра.

Во сојузната држава Северна Рајна-Вестфалија, на пример, во 2017-та се забележани речиси 6.500 случаи на кражби, покажуваат податоците на сојузното истражно биро.

Во Баден-Вуртемберг во југозападна Германија, во 2017-та е регистрирана рекордна штета од кражби од околу 2.75 милиони евра.

Проблемот, објаснуваат од истражното биро, е во големината на самите болнички комплекси и неконтролираниот пристап на посетителите, што им овозможува на лоповите многу простор и анонимност и слобода да роварат по фиоките и плакарите во празните соби. Болниците пак, балансирајќи меѓу отвореноста и безбедноста на пациентите, имаат ограничени можности за борба против оваа „епидемија“.

Прочитајте и:  Германското Министерство за одбрана презентираше предлог за враќање на доброволниот воен рок

Здруженијата за заштита на пациенти бараат построги контроли на влезовите. Претседателот на едно од нив, Кристијан Зимерман, вели дека е неопходно посетителите да мора да се пријават и да пријават кого сакаат да посетат, а по потреба и да се идентификуваат.

 

- Реклама -