Лондонската полиција ќе ја нападне амбасадата на Еквадор поради Асанж

Еквадорските власти изјавија дека наскоро ќе ја објават својата одлука да му дадат азил на Џулиан Асанж но тврдеа и дека Британците наводно се заканли дека ќе го врата Асанж ако мора и со сила.

„Денес добивме закана од Британија, јасна и пишана закана дека ќе ја нападнат нашата амабасада во Лондон ако одбиеме да го предадеме Џулиан Асанж“ изјавил министерот за надворешни работи Рикардо Патино. Тој додал дека Еквадор ќе ја објави одлуката во четврток.

Некои медиуми вчера објавија дека Асанж добил азил, но властите на Еквадор тогаш рекоа дека не била постигната одлука. Асанж се скрил во амбасадата на Еквадор на 19 јуни откако британски суд одби да ја блокира екстрадицијата во Шведска.

Асанж вели дека се плаши дека Шведска ќе го предаде на САД. WikiLeaks објави илјадници класифицирани американски документи на интернет, вклучувајќи и многу документи на Стејт Департментот. Ако Асанж добие азил во Еквадор тој сепак ќе мора да стигне од амбасадата – еквадорска почва – до аеродромот без да биде уапсен од британската полиција.

Британските дипломати во САД не одговориле на барањето за коментар на ABC News. Според BBC, претставник на британското Министерство за Надворешни Работи рекол дека британската влада е „посветена на постигнување решение прифатливо за сите“.

Иако првата мисла е дека напад на амбасада би претставувал формално објавување на војна, Британците потсетуваат дека според меѓународните закони тие имаат право да ѝ го одземат дипломатскиот имунитет на амбасадата по што ништо не би ги спречило да го уапсат Асанж.

- Реклама -