Ако некогаш сте биле приморани, или сте решиле, да јадете над вашата тастатура тогаш знаете дека храната и тастатурите не се добра комбинација.
Всушност тие можат да станат доста лепливи и да се наполнат со трошки ако не ги чистите редовно. Покрај компресиран воздух или постојано пребришување нема начин за темелно чистење на тастатура.
Тука Logitech стапува на сцена со нивната Washable Keyboard K310. Таа има карактеристичен дизајн сличен на другите тастатури на Logitech но оваа може да биде потопена во вода. Можете да ја измиете во кујната или да ја пребришете со влажна крпа. Дизајнот овозможува потопување до длабочина од 3,3 метри и може лесно да се исуши.
Тастатурата може да издржи доста миење и користење. Буквите се врежани со ласер што значи дека нема да избледат по чистењето. Отворите на задната страна дозволуваат водата да излегува и воздухот да влегува за да го олесни сушењето. Тастатурата е и лесна за користење – само вклучете ја во компјутерот и започнете со работа.
Дополнително, тастатурата е компатибилна со Windows XP, Windows Vista и Windows 7. Logitech Washable Keyboard K310 би требало да биде достапна во САД во август со цена од 39,99 долари а во Европа ќе пристигне во октомври.