Новата страна на MySpace, со драстично поинаков дизајн, официјално е пуштена во употреба.
На почетната страница New.Myspace.com се појавува фотографија на Џастин Тимберлејк кој го промовира својот нов сингл “Suit and Tie” што го објави во неделата.
Тимберлејк, кој ја презеде компанијата во 2011 година, во септември му даде можност на светот да ѕирне во новата страна, но отсега официјално секој може да ја користи редизајнираната социјална мрежа.