Тинејџерката Кортни Барасфорд не ни сонувала до која мера ќе предизвика јавен бес со пишувањето на нејзината критика за албумот на Џастин Бибер на Твитер.
Таа го споделила своето мислење за новиот албум на Џастин Бибер „Believe Acoustic“ во кој објаснила како иако не е негов фан, смета дека албумот е одличен.
На Бибер му се допаднала нејзината критика, па нејзиното мислење го споделил и на неговиот Твитер профил. Меѓутоа, реакцијата на неговите фанови била целосно непредвидена, со оглед на тоа дека тинејџерките започнале масивно да ја напаѓаат Кортни преку друштвената мрежа.
Освен навредите кои пристигнувале на нејзина сметка од сите страни, Кортни добила и смртна закана и тоа од 12 годишна обожавателка на пејачот која и порачала да умре и да го остави Бибер на мира.
Најголемата причина која ги разгорила страстите на неговите фанови е фактот што тој го издвоил токму нејзиниот коментар како посебен и покрај тоа што таа признала дека не е негов фан.
Загрижената мајка на Кортни изјавила дека смета дека е задолжително да се „заострат“ законите поврзани со одговорноста за се што се пишува на социјалните мрежи, и дека ваквите инциденти не смеат да поминат неказнето и незабележано.