Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) е во контакт со Агенцијата за заштита на личните податоци и продолжува да работи на финализација на процесот за јавно објавување на имињата на лицата кои се позитивни или се сомнителни на Ковид-19 поради контакт со заболен, а кои на разни начини избегнуваат да им бидат доставени решенијата за самоизолација.
Иако министерот Венко Филипче во петокот најави дека процесот ќе биде финализиран во текот на истиот ден или најдоцна до вчера, тоа сѐ уште не се случи. Сепак, се чини дури и неспроведена, мерката дава ефект. Барем така тврдат од ДСЗИ.
Како што откриваат за „Слободен печат“, граѓаните се чини не сакаат да бидат јавно именувани, па почнале масовно да се јавуваат во Инспекторатот. Впечатокот на ДСЗИ е дека тоа е реакција токму на најавата за јавно објавување на имињата на лицата кои одбиваат или од други причини не ги примиле решенијата за самоизолација.
„За сите проблеми околу решенијата, може да се обратат на infodszi@zdravstvo.gov.mk”, додаваат од Инспекторатот. Повеќе ТУКА.