ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ И ПРИДРУЖНИЦИТЕ ДОБИЈА ЕДЕН ЧАС ЗА СЛОБОДНО ДВИЖЕЊЕ ВО ПОЛИЦИСКИ ЧАС И ДВА ЧАСА ЗА ВИКЕНДИТЕ

Посебен режим на движење ќе има за лицата со попреченост за време на полицискиот час заради заштита од коронавирус, одлучи денеска Владата.

Овие лица и нивните придружници ќе може да се движат во периодот од 19 до 20 часот од понеделник до петок, а во деновите на викенд од 11 до 13 часот.

Од денеска, полицискиот час ќе биде од 16 до 5 часот, а за викенд од петок во 16 до понеделник во 5 часот.

- Реклама -