Литиум-јонската батерија под перницата

samsung-phone-catches-on-fire-under-a-pillow-1[1]

Веројатно и сега користите таква, несвесни за опасноста дека нешто може да тргне наопаку. Литиум-јонските батерии се еден од најновите избори за напојување на модерните гаџети и апарати, пред сé заради нивниот компактен дизајн, брзите циклуси на полнење и долговечноста. Сепак, овие батерии имаат уште една карактеристика за која не многумина знаат – нивната тенденција да експлодираат.

Само затоа што е мала, не значи дека литиум-јонската батерија не е способна за голем удар или за да предизвика пожар што ќе ја голтне цела куќа. Вушност, баш тоа што е мала ја прави поопасна ако е продупчена, преполнета или користена во погрешна направа.

Батеријата користена во видеото погоре е честа батерија со можност за полнење. Твојот лаптоп и телефон користат многу слична варијанта, со еднакво голем или поголем експлозивен потенцијал. Проблемите настануваат кога литиумот ќе дојде во контакт со воздухот, што предизвикува моќна реакција со кислородот. Важно е и што ако настане пожар од литиум, единствениот начин да се изгасат пламените е со пудра/пена за гасење пожар или соодветен противпожарен апарат. Истурање на вода врз оганот само ќе ја влоши ситуацијата, бидејќи литиумот го „откорнува“ кислородот и од водата, што може да доведе до нова голема експлозија.

Се разбира, повеќето направи имаат куп безбедносни мерки за да ја спречат батеријата од прегревање. Ова вклучува и автоматско исклучување кога батеријата достигнува полн капацитет, па не мора да се грижиш дали си го оставил телефонот да се полни премногу долго. И кутијата на батеријата е доцолно цврста за да се спречи продупчување. Повеќето направи исто така и ќе ја прекинат работата кога телефонот ќе се прегрее, што можеби и сте го забележале ако го имате оставено телефонот на сонце.

Така да, не мора да ве пукне параноја и да фаќате џаде подалеку од литиумските батерии, ама подобро користете ја како што е предвидено и никако поинаку. Па и покрај сите безбедносни мерки, не морате да го чувате телефонот БАШ под перница, нели?

- Реклама -