ЛИСНАТО СОВРШЕНСТВО! Оваа пита е готова за 20 минути, а ќе ги воодушеви и најголемите гурмани (РЕЦЕПТ+ВИДЕО)

За оваа одлична пита ќе бидат доволни малку варени компири, сирење, шунка, лиснато тесто и уште неколку состојки.

 

 

 

СОСТОЈКИ:

  • лиснато тесто
  • цацики сос или малку крем сирење со зеленчук
  • рендан кашкавал
  • варени компири, исечени на прстени
  • пржена сланина или шунка
  • жолчка
  • сусам

 

 

Подготовка:

Половина од лиснатото тесто намачкајте го со сосот (крем сирењето), па посипете со рендан кашкавал, наредете ги компирите и парчињата месо. Преклопете го тестото, затворете ги рабовите, премачкајте со жолчка од јајце и посипете со сусам. Можете да го исечете на ромбоиди, за подобро и побрзо да се испече.

 

Се пече во загреана рерна на 200 степени 20 до 25 минути.

 

Видео од начинот на подготовка може да погледнете ТУКА.

- Реклама -