Актерката Линдзи Лохан позираше покрај затвореници облечени во портокалови комбинизони, а фотографијата подоцна ја „закачи“ на „Твитер“.
Сепак, овој пат холивудската ѕвезда не заврши зад решетки, туку влезе во затвор поради потребите на снимањето на „Anger Management“, во која глуми и Чарли Шин.
Имено, Линдзи ќе гостува во една од епизодите на шоуто, каде ќе се глуми самата себе. Таа, заедно со ликот кој го толкува Чарли Шин, ќе има краткотрајна романса.
Според пишувањата на „TMZ“, актерката на сетот била мошне љубезна, одговорна, и веднаш го научила целиот текст. Иако неодамна беше осудена поради возење во пијана состојба, Линдзи нема да отслужува затворска казна. Всушност, таа до крајот на април ќе посетува психо-терапија во траење од 90 дена.