Познато е дека лимонот има голема примена во козметиката, и тоа, за флеките на кожата или осветлување на косата, а да не говориме колку освежително истиот делува кога го козумираме како пијалок.
Меѓутоа, сокот од лимон можете да го искористите и за природно избелување на облеката која сте ја извалкале или со текот на времето добила жолтеникава боја.
Едноставно додадете четвртина или половина шолја сок од лимон во машината за перење, во делот со прашокот и ќе бидете премногу задоволни од резултатот. Или доколку перете на раце, додадете лимон во легенот со врела вода, односно неколку парчиња.
После два часа киснење исперете вообичаено и повторно очекувајте фантастичен резултат. Во случај да е облеката премногу извалкана, оставете ја цела вечер да остои во вода со лимон.