Лимани и Муча на работна средба за јавната чистота и сообраќајот во кругот на болницата

На иницијатива на директорот на Општата болница Гостивар, Арѓенд Муча и градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани денеска во просториите на гостиварската болница се одржа работна средба со раководителите на јавните претпријатија, претставници на сообраќајната полиција, Црвениот крст и Стопанска банка.

„Целта на средбата беше да се организираат и интензивираат акциите за чистење и одржување на јавните средини, како форма на вклучување на граѓаните во активизам и општокорисна работа. Во фокусот на средбата беше непреченото одвивање на сообраќајот на патиштата кои водат до болницата, одржувањето на чистотата во и околу болничкиот објект, како и други конкретни чекори за добробит на пациентите и на граѓаните воопшто.“, соопштија од локалната самоуправа.

Од таму доадаваат дека ваквите меѓуинституционални состаноци и иницијативи ќе продолжат и во други институции, за да се поттикнуваат активности од ваков карактер, со цел зачувување и одржување на јавните средини.

Извор