Ликовна изложба „комПресија“ во галеријата Флукс

kompresija FLAER

По повод наградата која FLUX Gallery ѝ ја додели на Maрија Сотировска-Богдановска на минатогодишното издание на Саемот за современа уметност Паратисима ­­­– Скопје, денес, на 19.05.2016, во 20:00 часот, во Галеријата Флукс ќе се отвори самостојната изложба на уметницата со наслов комПресија/ comPression.

Изложбата се состои од две јасно спротиставени целини кои симболички се рефлектираат една во друга. И со овие дела, како и со претходните, Сотировска-Богдановска се бави со социјална, политичка и родова проблематика, но повторно на еден интимен начин.

Таа сепак отворено го изразува несогласувањето кон социјалниот притисок, дисторзираните политички манифестации, первертираните вредности, конфликтот помеѓу нејзината личност и општествените конвенции, кодификации, рамки. Таа директно не се конфронтира, не изразува резиграција или пак критика, туку само го изразува своето интимно несогласување, фрустрација од околностите во кој сме потпаднати без наша волја и присуство. Токму оттаму компресија или притисок. Ние сме под постојан притисок, социјален, политички, економски, духовен, технолошки, под постојани искушенија, транзиции, транформации, успони и падови, кои таа се обидува да ги долови и дефинира во овој технолошки обременет контекст.

Kругот е симбол на кој Сотировска-Богдановска се навраќа во своите дела. Симбол на вечното враќање, кое го контекстуализира во зависнот од употребените материјали или концептот.

- Реклама -