Дваесетгодишниот австралиски актер, Лијам Хемсворт, ја изневерил својата вереница Мајли Сајрус (20) со глумицата Џенуери Џонс (35), според пишувањето на магазинот „Star“.
Лијам на доделувањето на Оскари во Холивуд се појави сам, без својата вереница, па одкако и Џонс се појавила сама, одлучиле вечерта да ја поминат заедно.
„Изгледаше како меѓу нив да постои хемија. Делуваа како пар, па дури и се бакнаа.“ истакнал изворот за овој таблоид.
Од друга страна пак, Мајли во неодамнешното интервју за Космополитен истакна како врската со нејзиниот вереник и е најважното нешто во животот.
„Број еден во мојот живот е мојот однос со Лијам“, рекла таа.