LightSpeed двоглед за оптичка комуникација

Повеќе...

Специјалниот двоглед LightSpeed на компанијата Torrey Pines Logic овозможува размена на гласовни и видео пораки меѓу корисниците. Специјалните единици на војската на САД која моментално користи слична направа опремена со USB и интернет приклучоци веќе го тестираат новиот двоглед на теренот.


lightspeed.jpg

Специјалниот двоглед LightSpeed на компанијата Torrey Pines Logic овозможува размена на гласовни и видео пораки меѓу корисниците. Специјалните единици на војската на САД која моментално користи слична направа опремена со USB и интернет приклучоци веќе го тестираат новиот двоглед на теренот.
 
Системот LightSpeed има можност да извршува размена на податоци помеѓу двајца корисници со помош на оптички зраци. Оваа метода досега подразбирала користење на ласери, но LightSpeed користи LED диоди, слични на оние на далечинскиот управувач на телевизорот. Најважно е што зраците на LED диодите се потполно безопасни за човечкото око. 
Од двете страни двогледот има додатоци кои ги преклопуваат оклуларите. Оптичкиот зрак доаѓа на десниот додаток, додека пак приемникот се наоѓа на левата страна, така што кога едниот корисник го насочи двогледот кон друг корисник и обратно, им се овозможува размена на информации и разговор. Далечината на која може да се оствари комуникацијата зависи од јачината и квалитетот на оптиката. Прозиведувачите нагласуваат и дека преносот на податоци преку LED зраци не може да се детектира, за разлика од радиобрановата комуникација.
Од фирмата изјавуваат дека веќе имаат нарачки од американската војска и специјалните единици низ повеќе земји и се надеваат дека клиентите нема да се ограничат само на одбрамбени сили. Претпоставуваат дека оваа направа ќе најде широка примена и на аеродромите, затоа што тука често доаѓа до мешање на радио-сигналите од авионите со оние на земјата, што ја отежнува комуникацијата меѓу контролата и авионот. Исто така двогледот се очекува да најде примена и во уредите за прислушкување, но и во секоја средина во која не може да се оствари кабелска комуникација.  
Двогледот има тежина од само 500 грама, оптички домет од 2км, а трансферот на податоци се врши со брзина од околу милијарда бита во секунда. [Optical Voice and Data Communications]
- Реклама -