Головите за победа ги постигнаа капитенот Енис Барди од слободен удар во 70. минута, а десет минути подоцна гол даде и напаѓачот на Жирона, Бојан Миовски по соло акција во шесанесетникот на противникот
Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва на Националната арена „Тоше Проески“ ја совлада репрезентацијата на Ерменија со 2:0 во дуел од второто коло од Лигата на нациите.
Македонија играше и со играч помалку цело второ полувреме по црвениот картон на Ѓоко Зајков поради приговор.
Головите за победа ги постигнаа капитенот Енис Барди од слободен удар во 70. минута, а десет минути подоцна гол даде и напаѓачот на Жирона, Бојан Миовски по соло акција во шесанесетникот на противникот.
Македонија на тој начин ја забележа првата победа и сега прва на табелата со четири освоени бода, откако освои бод со Фарски острови.