Во обид да се обезбедат домови за луѓето со низок приход во области со висок ризик од поплави, Притула Просун дизајниралa и изградилa иновативна куќа во Дака, Бангладеш. Lift куќата, кратенка за “Low income flood-proof technology”, претставува куќа направена од еколошки материјали која при поплава едноставно ќе се подигне на површината на водата, и ќе се врати на земјата по повлекувањето на водата.

Со финансиска подршка од Меѓународниот Центар за Развој, проектот е дизајниран да биде независен и да нема никаков приклучок на градскиот систем. Куќата направена од бамбус користи два методи за да плива на водата – шиплива основа направена од Ferro цемент за едниот дизајн и основа направена од бамбус исполнета со употребени пластични шишиња за друбиот. Куќите се опремени со два соларни панели од по 60W кои произведуваат доволно електрична енергија за вентилатори и осветлување. Водата од дождови се собира и филтрира, и може да биде користена во текот на целата година. Куќата веќе била успешно тестирана и во неа веќе живеат две семејства.