„Лидер“ објави имиња и на други бизнисмени кои биле рекетирани од Боки 13 и Катица Јанева

Според порталот „Економски лидер“, кој важи за близок до ВМРО-ДПМНЕ, а се повикува на извори од истрагата, освен Камчев, рекетирани се и десетици други бизнисмени и компании. Истите платиле рекет во вкупна вредност од над 5 милиони евра. „Лидер“ ги објави имињата на дел од нив.

Според изворот, пишува порталот, ОЈО има намера да го прошири случајот за обвинителско-медиумски рекет, но овој процес е блокиран од високи политички кругови, затоа што во него сигурно ќе настрадала Јанева, но и најмалку двајца други високи функционери на владејачката СДСМ.

„Лидер“ тврди дека извори од ОЈО брифирале дека при синоќешниот претрес, во компјутерот на Боки 13 биле пронајдени компромитирачки материјали за педесетина познати бизнисмени, а имало и снимки со приватна содржина од ceкcyални односи. Сомнително во истрагата, вели „Лидер“ е што голем дел од материјалите кои ги поседувал Боки 13 се во формат кој алудира дека се извлечени од МВР.

Тоа, според порталот, индицира дека во рекетот биле вклучени високи функционери на власта кои се поврзани со безбедносните служби, како што пишувал и новинарот Бранко Героски алудирајќи на функционерка под кодно име „ФРИКИ“. Освен со материјали од СЈО, рекетот се вршел и со материјали извадени од МВР и Финансова полиција, тврди „Лидер“. ИМИЊАТА НА БИЗНИСМЕНИТЕ И ФИРМИТЕ, КАКО И СУМИТЕ КОИ НАВОДНО ГИ ПЛАТИЛЕ, ПРОЧИТАЈТЕ ГИ НА ЛИНКОВ (КЛИК).

 

- Реклама -