Личниот тренер на Севе ја откри тајната за нејзината витка линија

Марко Папа, личниот фитнес тренер на Северина Вучковиќ, откри за порталот Zadovoljna.hr дека клучот на виткото тело на хрватската пејачка се наоѓа во вежбањето.

Севе веќе подолго време практикува тренинг три пати во неделата под надзор на личниот тренер Марко, а непосредно пред настапите во рамки на новата турнеја го дуплира ритамот на вежбање.

sevee

Самиот тренинг се состои од вежби за јакнење на мускулите кои се изведуваат на TRX справа за вежбање и склоп на вежби „маринци“ насочени на кондиционата спремност и сила.

Вториот циклус од тренингот вклучува кардио вежби со кои се постигнува кондиција, а се изведуваат на орбитрек, велосипед и веслачки ергометар.

25504_seve11-610x406_iff

Вежбите осмислени за Севе се насочени на работа на мускулите на целото тело, додека за цврсти бутови Папа открива посебни вежби.

„За издолжени и цврсти мускули на бутовите препорачувам изведување на 3 златни и наједноставни вежби кои ги практикува и Северина, а се соодветни за секоја жена и за вежбање дома. На прво место се чучњеви, потоа исчекори и на крајот склекови“, рекол Папа. Потребни се десет повторувања на трите вежби по три пати (вкупно 30 повторувања од една вежба).

seve

Марко истакнува дека овие вежби даваат резултат во рекорден рок и ако до сега не сте се занимавале континуирано со спорт.

- Реклама -