Во последните неколку дена целото внимание на медиумите и потрошувачите беше насочено главно кон новиот предводник Galaxy S6, S6 Edge и HTC One M9, но денес LG нè потсети дека има уште еден производ кој треба да го очекуваме оваа година.
Станува збор за LG G4, наследникот на G3, за кој веќе имаме малку повеќе информации.
Денес Џун Чо, претседател и извршен директор на LG Electronics Mobile Communications Company, изјави дека G4 ќе биде радикално различен од G3 – предводникот ќе дојде со промени во дизајнот и значително подобрување на корисничкото искуство.
Исто така треба да очекуваме метално тело кое ќе го направи уште посериозен конкурент на останатите топ модели на пазарот. Тоа не е сè. G4 на крајот може да не дојде со Snapdragon 810, туку со процесор на LG, што се совпаѓа со претходните гласини. Очигледно не само Samsung сака да се обложи на сопствено производство, напуштајќи го Qualcomm.
Џун изјави дека LG G4 ќе биде претставен по објавувањето на LG UX 4.0, што значи дека има веројатност да го видиме уште следниот месец. Директорот исто така откри дека LG компанијата е импресионирана од новиот предводник на Samsung и хардверот кој го напојува и се надева дека G4 ќе биде исто толку импресивен уред.
„Samsung заврши многу добра работа со Galaxy S6. Верувам дека нашиот G4 исто така ќе биде добар. Со високите очекувања LG влюжи многу ресурси во G4 „, се зборовите на Џун.
Тој додаде дека корејската компанија ќе се стреми да биде трет по големина производител на паметни телефони во светот.