LG кон крајот на овој месец во Кореја ќе го лансира првиот компјутерски монитор со однос 21:9, 29 инчниот EA93.
Ако сте запознаени со технологијата на LCD мониторите, тогаш знаете дека не многу се случува во полето на иновација во формат и резолуција. Корисниците имаат избор помеѓу 27 и 30 инчен панел, и толку.
Постојат неколку ултра широки телевизори со однос од 21:9, но ниту еден LCD компјутерски монитор. За разлика од повеќето 30 инчни LCD монитори, кои имаат резолуција од 2560 x 1600 пиксели, новиот ултраширок монитор на LG ќе понуди резолуција од 2560 x 1080 пиксели со дијагонала од 29 инчи.
Но овој монитор има многу тенок профил, па лесно е да се претпостави дека не би било тешко да се спојат два вакви монитори еден над друг, со што ќе се дуплираат пикселите. Што се однесува до конекциите, направата е опремена со DVI Dual Link и DisplayPort или HDMI со MHL подршка.
Мониторот исто така има и специјален софтвер кој ќе овозможи гледање на видеа од до четири посебни извори истовремено. LG EA93 ќе чини 690,000 won во Кореја, што е околу 633 американски долари, но во остатокот од светот ќе биде достапен до крајот на годината за сè уште неопределена цена.