Кој се подобри љубовници – десничарите или левичарите? Досега не ни паднало на памет дека такво разграничување може да биде направено, но научниците од Германија се потрудиле преку серија на анкети да воспостават каков е одговорот на ова прашање.
Излегува дека најголем сексуален потенцијал поседуваат мажите-левичари, тврдат стручњаците. За да ја поддржат својата теза, тие направија серија од онлајн-анкети.
Повеќе од 80% од анкетираните дами, кои имале интимни односи со левичари и десничари, признале дека левичарите се покреативни и страсни партнери во сексот.
Според претставничките на понежниот пол, кај мажите кои ја користат подобро левата рака, се забележува поголема желба за експерименти во креветот.