Летно кино на отворено викендов во Кисела Вода


Скопје

22. август 2024. @ 17:342 мин. читање

СподелиFacebookTwitterEmail

Летно кино на отворено викендов во Кисела Вода
општина Кисела Вода

„Кино на отворено“ ќе се одвива овој викенд во општина Кисела Вода.

Бесплатните филмски проекции ќе се прикажуваат во паркот Македонија, пред Домот на култура „Билјана Беличанец”.

-Љубителите на филмската уметност овој викенд ќе имаат можност да уживаат со филмовите од македонски автори наградувани на меѓународни реномирани филмски фестивали, информира градоначалникот Орце Ѓорѓиевски,

Секоја вечер од 21 часот жителите на град Скопје и пошироко ќе имаат можност да уживаат со продукцијата на македонската современа кинематографија.

ПРОГРАМА:

Петок (23.08.2024)

21.00 Краткометражни филмови:

,,Пепи и Муто” од Ѓорѓи Унковски

,,Налепница” од Ѓорѓи Унковски

,,Долу од рајот” од Саша Станишиќ

22.00 Долгометражен филм,,Деца на сонцето” од Антонио Митриќески

23.30 Краткометражни

,,48″ од Владимир Митревски

,,Сонот за крвта и душата” од Игор Алексов

Сабота (24.08.2024)

Краткометражни филмови

21.00 ,,Кутии” од Ангела Димеска

,, Девојчето со ќибритчињата” од Филип Матевски

,,Кога не нема” од Стефан Палитов”

22.00 Долгометражен филм ,,Дедо и внук” од Илија Пиперковски

Краткометражни филмови

,,Карма” од Владимир Митревски

,,Си беше еднаш еден звук”

Недела (25.08.2024)

21.00 Краткометражни филмови: да

,, Шекспирова 19″ од Владимир Митревски

,,Ќе му се јавам на татко ти” од Леон Ристов

,,Брат за еден ден” од Стојан Вуичиќ

22.00 Долгометражен филм

,,Ова не е американски филм” од Сашо Павловски

Краткометражни филмови:

,, Еден” од Вардар Тозија

,,Епизодист” од Игор Александров

- Реклама -