Летно и неодоливо: Домат, исполнет со салата

Доматите се рајско задоволство за време на топлите денови. Затоа, ќе ве научиме како да подготвите едно интересно јадење, во кое што можете да уживате заедно со вашите најдраги.

Состојки:   ( За четири лица)

8 домати со средна големина

1 краставица

250  г. јогурт

12 црни маслинки, без семки

2 чешниња лук

2 лажици маслиново масло

1 лажица бел, вински оцет

2 гранчиња нане

сол, бибер

Подготовка:

Измијте ја и излупете ја краставицата, исечете ја на ситни коцки, испасирајте ја, посолете и допуштете да отстои 30 минути.

Измијте го доматот, отсечете го горниот дел и внимателно извадете ја внатрешноста. Издлабениот плод, посолете го од внатрешната страна и превртете го од другата страна да се исцеди.

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

Во чинија помешајте ги јогуртот, сецканиот лук, маслиновото масло и оцетот. Посолете и умерено побиберете. Додадете го сецканото нане (оставете неколку ливчиња за декорација).

Потоа, додадете ја краставицата во јогуртот. Додадете маслинки и добро промешајте.

Подготвената смеса наполнете ја со домат, украсете со нане и послужете ја храната, студена.

Пријатно јадење 🙂

- Реклама -