Летна нега за нозете

Лето е, па неизбежно е да ги покажете нозете и да водите грижа за нивниот изглед.Погледнете рутина која може да ви помогне да чекорите блескаво.

Утро

– Веднаш штом ќе станете истуширајте се, додека се туширате меко измасирајте ги  стапалата и нозете,  а најдобро е тоа да го направите со четка за масажа.

– Веднаш по тушот  нанесете на нозете  крем за омекнување.

– Непосредно пред излегување од дома темелно ставете  на стапалата и меѓу прстите дезодоранс, или пак,  посебен спреј за нозе.

Legs-8

Вечер

– Во кадата додадете арома-масла, со што ќе му овозможите  на целото тело да се опушти.

– Потоа нужно направете посебна бања за нозете со камилица или нане – тоа ги намалува заморот и склоноста кон потење (6 лажици камилица се оставаат  1 час во 2 литри вода што врие, течноста се цеди  и нозете се држат во водата додека истата се излади) .

– Пред спиење обилно намачкајте ги нозете со крем. За подобар ефект можете да обуете памучни чорапи.

WaxingBanner

Еднаш неделно

-Може да обрнете  поголемо внимание не само на грижата, но и на  педикир.

– Во кадата за нозе додадете сретства за опуштање  и дезинфекција. Додека стапалата ви киснат, истријте ги со тврда четка.

– Ноктите на палците се сечат со три-четири „кликања“. Не правете целосен (со еден потег) круг , за да не почнат да растат во кожата.

– Не заборавајте да нанесете на стапалата  крем и да ги масирате малку.

– Многу е корисно во периодот помеѓу обновувањето на лакот  да користите масло за нокти.

- Реклама -