Ако беше возможен животот на комета, кометата Лавоџој би била една од најпопуларните дестинации. Научниците открија дека таа ослободува алкохол и шеќер во неверојатни количини, што е факт кој е многу важен, со оглед на тоа што говори во корист на тврдењата дека кометите го посеале животот на Земјата.
Оваа комета е првата за која е откриено дека ослободува етил алкохол во огромни количини – околу 500 шишиња вино во секунда.
-Востановивме дека кометата Лавеџој испушта околу 500 шишиња алкохол во секунда на врвот на своите активности, изјави авторот на студијата, Николас Бивер.
Истражувачите пронашле 21 вид на органски молекули во супстанците што ги испушта кометата, вклучувајќи и етил алкохол, кој се наоѓа во алкохолните пијалоци, како и гликоладехид, шеќер.
Некои научници се убедени дека кометите кои потекнуваат од времето на создавањето на сончевиот систем, донеле со себе молекули на земјата кои се заслужни за создавањето на животот.