На вчерашната конференција SXSW во Остин, Тексас, главниот извршен директор на компанијата AeroMobil, Јурај Вацулик, раскажа за најновиот прототип на својoт летачки автомобил и ги објави плановите за појава на ваков тип на пазарот во 2017 година
Вацулик размислувал за летачки автомобили уште пред 25 години и сакал да измисли таков, за да “избега” од политичкиот режим во тогашна Чехословачка. За него летечките автомобили се иднината и верува дека тие ќе им помогнат на луѓето да се ослободат од трите најстрашни „затвори“ во денешно време – уличното движење, авионскиот превоз и лошата инфраструктура.
Решението на овие проблеми се автономните автомобили. Но, тоа е само дел од решението, вели Вацулик – за да го решиме еднаш засекогаш, треба да се свртиме кон летечки автомобили.
AeroMobil работи врз својот летачки автомобил веќе неколку години и конечно беше претставен моделот 3.0 (видеото подолу). Двоседниот автомобил се уште не ги минал сите тестови, но засега изгледа функционален и работи. Може да лета и слетува дури на тревниците, што, од гледна точка на инфраструктурата, е многу подобно. Вацулик смета дека општините ќе треба да направат такви површини околу бензински пумпи и автопати, за да можат тие да се користат од страна на летечките автомобили на AeroMobil и така да се избегнат проблемите со најпрометните автопати.
Прашањето е кон кого ќе се насочи продажбата на летачките автомобили во 2017 година, ако Вацулик успее да го испочитува овој рок, и што ќе ви биде потребно за да го пилотирате? Според инженерите, возењето ќе биде опремено со сите гаџети од современите автомобили и авиони, вклучувајќи и падобран. Сето ова значи дека ќе ви биде неопходна пилотска дозвола, за да возите такво чудо. Откако Вацулик и AeroMobil ќе ги постигнат поставените цели, тие ќе се насочат кон изградба на четириместен летечки автомобил кој ќе биде и автономен, т.е. да пилотира сам. Тоа, меѓутоа, изгледа нема да се случи толку наскоро, бидејќи не е сигурно ни дали рокот до 2017 година за моделот 3.0 ќе успее да биде испочитуван.
На прашањето колку ќе чини AeroMobil 3.0, Вацулик не даде точни информации. Изгледа ќе биде украс за побогатите, бидејќи единствените податоци обезбедени од извршниот директор се дека ќе биде по цена над 200 илјади евра . И ако оваа информација не ви е доволна, на SXSW тој исто спомна дека на одборот на директори на компанијата се приклучува и пронаоѓачот на Segway, Дин Камен.