„Летам слободен ко птица“ – Крсто Мукоски ремикс (ВИДЕО)

„Се чувствувам денеска како слободен човек и немам ништо повеќе да додам. Не ги следам реакциите кај јавноста, затоа што по цели денови сум во Собрание“, вели амнестираниот пратеник Крсто Мукоски во кратка изјава за „Фокус“.

Од друга страна, неговата изјава го повлекува прашањето: Би бил ли Мукоски слободен да гласа против уставните измени во случај неговиот личен став да е против уставните измени?

 
Додека размислува(те) на темата, ситуацијава на Мукоски некако тотално случајно нé потсети на еден стар хит на Владо Јаневски. Онака поединечно и извадени од контекст, дел од стиховите, а посебно рефренот, звучат сосема соодветно: „летам слободен ко птица“, „твојот кафез претесен ми е“, „кафезот е кафез макар и златен“, „крај за тебе, а за мене спас“ итн…

- Реклама -