Со мешавина од италијански зачин и сос збогатен со бело вино, полнетите тиквички добиваат уникатен вкус.
Состојки:
главица кромид
лажичка оригано
400 г. мешано мелено месо
сол и бибер
2 поголеми тркалезни тикви
2 главици лук
1,5 дл. суво вело вино
800 г. излупен домат
2 ловорови лисја
2 лажици маслиново масло
Подготовка:
Излупете го кромидот, па исецкајте го на коцки, помешајте со оригано и месо и побиберете. Измијте ги тиквичките, исечете ги во должина на половина и издлабнете ги. Она што било во средината исецкајте го и додадете го во месото, па со тоа наполнете ги тиквичките. Лукот излупете го и исецкајте го ситно. Помешајте вино и домат, додадете лук и ловор, зачинете и исипете во подмачкана тепсија.
Потоа наредете ги тиквичките и попрскајте со маслоново масло. Печете во рерна на 180 степени. Запечените тиквички посипете ги со пармезан и босилек и сервирајте ги со сос.