За добар сладолед не мора да трчате до продавница.
Потребни ви се:
• 3-4 среднo големи бананi, зрели, но тврди
• Дрвени стапчиња, по две за банана
• 350 грама чоколадо
• 2 лажици масло или маслиново масло
• Мелени ореви, обоени и (или) чоколадни трошки за декорација
• Хартија за печење
Чекор по чекор упатство:
1. Излупете ги бананите. Поделете ги на две идентични половини. Ставете стапче во процепот на секој банана. Ставете ги на хартија за печење и потоа во замрзнувач за да замрнат
2. Во сад ставете ги чоколадото и путерот. Растопете ги во микробранова печка на 10-15 секунди на висока моќност. Извадете го садот, промешајте ја смесата и повторете ја постапката со микробрановата печка за да се добие мазно течно чоколадо
3. Подгответе ги чоколадата, оревите и украсните чоколадни трошки
4. Извадете ги замрзнатите банани од замрзнувачот, потопете ги во растопеното чоколадо, а потоа „валкајте“ ги во декорацијата. Пак наредете ги врз хартијата. Ќе треба да бидете брзи
5. Вратете ги бананите во замрзнувачот за да се стегне чоколадото и украсите. Преместете ги во обичниот ладилник околу 30 минути пред да ги сервирате