Лесен начин да ги запомните родендените на вашите блиски без да користите Интернет

Facebook ни ја олесни работата кога станува збор за паметење на родендени. Со помош на автоматските известувања, ние веќе не мораме да се мачиме да ги запаметиме родендените на сите наши пријатели и роднини.

Но сепак ако сакаме да покажеме на некој дека стварно ни значи нешто не е ли редно да му честитаме роденден онака лице во лице без да мора Facebook да не потсети па да му пишеме порака или да му објавиме нешто на профилот.

Еве неколку начини како можеме да запомните нечиј роденден, без да чекаме од Facebook да не потсети:

Прво синхронизирајте ги вашите Facebook контакти со контактите на вашиот паметен телефон. Ова може многу лесно да го направите ако имате Android и Windows Phone. Доколку имате iOS уред, треба да отидете на Settings и да кликнете на ”Update All Contacts”. Така родендените на овие луѓе ќе ги се запишат во вашиот Google Calendar или iCal и нема како да ги заборавите.

Потоа, разгледајте ги сите 12 месеци и изберете си ги родендените на вашите блиски пријатели и роднини, па поставете си потсетници две недели пред датата на роденденот, Игонирајте ги родендените на оние луѓе, за кои и баш не ви е галје многу.

Кога ќе го добиете известувањето, испратете им картичка преки имејл. Тоа лесно може да го направите бидејќи вашите контакти се синхронизирани, па лесно можете да им ја најдете и нивната имејл адреса. А, ако неможете да ја видите преку Facebook можете да ги прашате. Ви препорачувате да си имате по една-две роденденски честити при рака зачувани на телефонот, не се знае за кога ќе ви затребаат.

Кога ќе ја испратите честитката вие сте готови, а и сте покажале дека сте навистина добар пријател нели?

Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk

- Реклама -