Лепа Брена покажа колку е флексибилна во 54-тата година

Пејачката Лепа Брена покажа дека како светските ѕвезди Мадона и Тина Тарнер им пркоси на годините, па во 54-тата година ја покажа витката фигура и еластичност.

– Она што го пронајдов што ме релаксира во животот и на моето тело дава апсолутна сила е јогата. Ја препорачувам на секому кој не сака да трча и голема физичка активност. Важно е да го сихрнонизирате секое движење со дишењето. По еден час вежбање се чуствувате боженствено- рекла Лепа Брена за српските медиуми.

Пејачката пред камерите одржала краток час јога и покажала дека е во одлична форма, исто каква што била на почетокот на својата кариера кога важеше за една од најзгодните во балканската музичка сцена.

- Реклама -