Фолк ѕвездата Лепа Брена се соочува со најчестите знаци на стареење, брчките, па така имала намера да направи специјален третман за лице при кој што се користи човекова крв.Третманот е познат по името „ вампирски фејслифтинг“, но во последен момент побегнала од операциониот стол.
Како што дознава „Ало“, Брена се одлучила да го испроба овој метод на подмладување со крвна плазма, но се исплашила и не ги издржала болките.
Брена сакала малку да го подмлади своето лице, па закажала третман при кои се користи човекова крв. Овој метод се користи на тој начин што се употребува крв од пациентот од која се довива доволна количина на крвна плазма богата со тромбоцитим, а потоа се додава во лицето. Брена легнала во салата, но тогаш настанал проблем. Кога лекарите започнале да го прават третманот, ја заболел првиот убод и рипнала од столот, вели близок на пејачката.
– Иако била одлучна да ја направи оваа метода, мислам дека тоа нема да се случи во брзо време. Таа не може да ги трпи големите болку, така што засега се откажа. Брена инаку се плаши од игли, а докторите биле изненадени што не може да истрпи неколку минути болка, додава изворот.
Брена не сакала да даде конкретен одговор на тоа дали навистина стана од столот, само изјавила дека „Секој сака да се подмладува и да биде убав и негуван“.