Лепа Брена доби понуда да настапи за Нова година во Дубаи на приватна забава за 50.000 евра, но таа ја одби понудата.
-Брена одби да настапи на забавата која ја организира еден шеик од Дубаи. Тој е еден од најмоќните во Обединетите Арапски Емирати, но и тој факт на српската пејачка не успеа да ја предомисли. На тој настап би биле присутни и богати луѓе од овие простори кои живеат и работат во Дубаи. На Брена и понудија 50.000 евра но таа не сакаше да ја прифати понудата. Поради се што во последно време и се случи, пред се смртта на мајката Ифета Јахиќ, решила таа ноќ да не пее. Со своето семејство, во својот дом ќе влезе во 2015 година – вели извор близок на семејството Живојиновиќ.