Лепа Брена: Нема да имам мир додека не се пронајдат киднаперите на мојот син

„Јас сум мирољубива, но со фактот дека се уште не се пронајдени киднаперите на мојот син не можам да се помирам. Тоа ме боли и јаде, бидејќи во прашање е нерешен правен случај, и секој нормален човек би се чувствувал исто на мое место“, со воздишка раскажала познатата балканска пејачка Лепа Брена.

Најтрауматичниот случај во нејзиниот живот, киднапирањето на нејзиниот син, Стефан Живојиновиќ, според нејзиното признание, и оставил големи последици и и го нарушил здравјето. За словенските медиуми Брена раскажала дека доживотно ќе ја прогонува фактот што власта во земјата во која одлучила да го помине нејзиниот живот, ниту 13 години подоцна не ги пронашле чинителите на грозното кривично дело.

brena-i-stefan

„Стефан беше киднапиран на 23 ноември 2000 година, после промената на власта, време во кое во Србија не се знаеше ниту кој пие, ниту кој плаќа. После толку години она што ми е најмногу жал првенствено како мајка, но и како една жена, е што повеќето вакви случаи се разрешени, но не и оној на мојот син“, додала таа.

Стефан беше украден во неговата 9-та година пред нивната семејна куќа. Киднаперите телефонски се јавија на сопругот на Брена, Боби, барајќи 2.500.000 марки во замена за нивниот син, под услов да не биде вмешана полицијата. После шест дена, детето беше вратено, откако според гласините, Брена на нишкиот автопат без сведоци го оставила бараниот износ.

- Реклама -