Леонардо ди Каприо и сите негови улоги во еден GIF

Познатиот актер Леонардо ди Каприо глуми во многу филмови уште од раното детство, но никогаш нема добиено Оскар. Дека навистина го заслужува, тоа го покажува неговата богата филмска кариера.

Само во изминатата година, имаше три големи филмски хитови („Големиот Гетсби“, „Волкот од Вол Стрит“ и „Џанго“) а почетоците на неговата филмска кариера датира уште од 1991-ва година.

Овој одличен GIF ги покажува сите негови филмови и улоги кои ги одглумил ди Каприо, а со оглед на тоа дека филмовите и улогите доста се насобрале, и листата е подолга.

Познатиот актер оваа година е номиниран во категодијата најдобар актер за улогата во филмот „Волкот од Вол Стрит“, а многумина посакуваат оваа златна статуетка да се најде токму во неговите раце.

Вака накратко изгледа кариерата на ди Каприо:

- Реклама -