Lenovo ќе го претстави првиот паметен телефон во светот со две предни камери

Според непотврдени информации на интернет просторот, кинескиот производител на смартфони Lenovo ќе го претстави првиот паметен телефон во светот со две предни камери наменети за подобри селфија.

Моделот се очекува да го носи името Vibe S1. Иако од компанијата се уште не ги потврдиле информациите, Комисијата за одобрување на електронските кориснички уреди во Кина открива голем дел од карактеристиките на новиот уред.

Двете предни камери на смартфонот се по образец на двете задни камери на HTC, со тоа што ќе се овозможи поголема длабочина и обработка на селфијата. Во однос на останатите карактеристики, Lenovo Vibe S1 ќе се одликува со 13 мегапикселна задна камера со LED-блиц, 5-инчен дисплеј со резолуција 1 080 пиксели, 2 GB RAM меморија и 16 гигабајти внатрешна. Процесорот е осмојадрен Snapdragon 615, а оперативниот систем – Android Lollipop.

- Реклама -