Одел по патот еден мудрец, восхитувајќи и се на убавината на светот и радувајќи му се на животот. Неочекувано забележал човек, изнемоштен и згрбавен под неподносливо тешкиот товар.
– Зошто се подложуваш на такви страдања? , прашал мудриот човек.
– Страдам за среќата на децата и внуците, му одговорил човекот. – Мојот прадедо цел живот страдал за среќата на дедо ми, дедо ми страдал заради среќата на мојот татко, татко ми страдал заради мојата среќа, а јас сега страдам целиот свој живот само за моите деца да бидат среќни.
– А дали бил барем еден човек од вашето семејство бил среќен некогаш?
– Не, но моите деца и внуци сигурно ќе бидат среќни! , одговорил човекот.
– Неписмениот не може да ги научи другите да читаат, а кртот не може да образува орел!, рекол мудриот човек…
Поука: Научи се прво ти да бидеш среќен, тогаш ќе разбереш како да ги направиш среќни своите деца и внуци.