Деновиве, холандски тим истражувачи успеал да ги избрише лошите сеќавања со користење на бета-блокатори кои најчесто им се препишуваат на луѓето со срцеви проблеми.
Деновиве, холандски тим истражувачи успеал да ги избрише лошите сеќавања со користење на бета-блокатори кои најчесто им се препишуваат на луѓето со срцеви проблеми.
Третманот со пилулата која ги брише само грдите спомени би им бил од голема помош на воените ветерани кои патат од пострауматски стресен синдром, но и на сите оние кои патат од фобија, опсесија, пореметување во исхраната, па дури и од одредени облици на сексуална зависност.
Тестирањето врз животните покажало дека бета-блокаторите влијаат на тоа како мозокот памти и ги чува страшните случки или мисли. Во последното истражување, докторот Кинт од Универзитетот во Амстердам го тестирал лекот врз 60 мажи и жени. Најпрво на доброволците им прикажувале застрашувачки фотографии како пајаци, а истовремено им давале и благи електрошокови. Доброволците биле замолени да ги памтат фотографиите, а тоа било пропратено со непријатно чувство асоцирано од електрошоковите кои им ги давеле. Наредниот ден биле поделени во две групи. Едната група била под дејство на бета-блокатори, додека другата била плацебо група. Кај испитаниците на кои им пуштале изненадни звуци и шушкања, им било мерено нивото на страв кое го осеќаат со тоа што се бележело колку често трепкаат или ги затвораат очите. Брзото трепкање и нервозните движења покажувале страв кај втората група, додека кај првата реакциите биле многу поблаги и посмирени.
Заклучокот е дека бета-блокаторите врз испитаниците делуваат посмирувачки во однос на плацебо групата. Кога наредниот ден повторно е направено испитувањето, првата група покажала помалку страв при гледање на фотографиите, што упатува на тоа дека сеќавањето делумно било избришано. Лекот очигледно се меша во процесот на памтење и навраќање на спомените, тврдат истражувачите.