Лек за празничниот мамурлак: Тост и сок од портокал

Ако минатите две ноќи славевте со многу алкохол, тоа веројатно значи дека сега се борите со силен мамурлак. Основната причина за оваа состојба е дехидратацијата, што значи дека ќе се чувствувате подобро откако ќе ги надоместите изгубените течности.

Најдобро е утрото да испиете најмалку пола литар вода, а кафето целосно изоставете го, затоа што не само што нема да ви помогне, туку и ќе ги иритира вашите нерви. Покрај вода, исцедете си свеж сок од портокал, кој е богат со витамин Ц, калциум и магнезиум.

Иако аспиринот ќе ви делува како единственото решение за ужасната главоболка, подобро е да се обидете со природните лекови како овошје и зеленчук, односно домати, спанаќ, брокула, киви и боровници.

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

Покрај течностите, вашиот организам изгубил и добар процент соли, а нив може да ги надокнатите со купечка супа од кесе.

Утрото по бурната забава треба да го почнете со голем оброк, кој ќе ја сопре апсорпцијата на алкохолот. Јаглените хидради ефикасно ќе го извлечат алкохолот од вашето тело, па најдобро е да јадете леб, печиво или испечен тост. По појадокот заминете на кратка прошетка на свеж воздух и вашите мисли ќе бидат побистри.

[youtube]Soo4f6e1zCs[/youtube]

 

- Реклама -