Лејкерси останаа без Хауард и Гасол

Лос Анџелес Лејкерс е најголемото разочарување во досегашниот тек од НБА-сезоната, откако „езерџиите“ имаат негативен скор од 15 победи и 18 порази. Овој размер тешко дека ќе може да се подобри во следните седум дена откако беше обелоденето дека тренерот Мајк Д’Антони во тој период нема да може да смета на услугите на двајцата стартни високи кошаркари, Двајт Хауард и По Гасол.

И Хауард и Гасол се повредија за време на дуелот против Денвер, а деталните лекарски прегледи покажаа дека не станува збор за наивни проблеми и дека двајцата искусни кошаркари сепак ќе треба да паузираат најмалку една седмица. Хауард заработи повреда на рамото, Гасол се здоби со незгоден удар во пределот на лицето, па она што е сигурно е дека овие две „ѕвезди“ ќе ги пропуштат следните два меча на својот тим, на пеколните гостувања против Хјустон и Сан Антонио.

Проблемот за тренерот Мајк Д’Антони е уште поголем ако се знае дека против Денвер се повреди и третиот висок кошаркар, Џордан Хил, кој што вообичаено е алтернатива за Хауард, па и тој нема да може да настапува за ЛА лејкерс во следните петнаесетина дена.

- Реклама -