Лејди Гага со признание за „Жена на годината“

Лејди Гага е прогласена за жена на годината од страна на музичкиот магазин „Билборд“. Тие изјавија дека таа најмногу соодветствува на наградата и признанието ќе и биде врачено на 11 декември во Њујорк.

„Жени во музиката“ е настан на кој се доделуваат признанија на 50 најмоќни жени во музичката индустрија.

lady-gaga-academy-awards-arrivals-2015-billboard-650

Ова случување кое се организира веќе десет години по ред, за првпат ќе биде прикажуван на телевизија, на каналот „Лајфтајм “ на 18 декември.

Славната пејачка своите импресии ги искажа на Твитер и напиша дека е пресреќна што го добила ова признание и им се заблагодарува.

- Реклама -