Легура цврста како челик, но лесна за обликување како пластика

метална легураЧеликот е неверојатен и човештвото го користи со векови, но сепак си има свои граници. И пластиката е исто така корисна. Но, што ако постоеше материја која би била цврста како челик, но лесна за работење како пластика? Сигурно не би можело да посоти такво нешто.


Тим предводен од Јан Шроерс, научник од Јејл Универзитетот, покажал дека некои неодамна развиени метални легури (bulk metallic glasses – BMGs) можат да бидат обликувани како пластика во комплексни облици кои би биле невозможни со нормален метал, но сепак ја задржуваат својата цврстина. „Овие легури изгледаат како обичен метал но можат да бидат обликувани лесно и евтино како пластика“ изјавил Шроерс. Досега тимот има создадено голем број комплексни структури како метални шишиња, кутии за часовници, минијатурни резонатори и биомедицински импланти кои можат да бидат обликувани за помалку од една минута и се двапати поцврсти од типичен челик.
метална легураМатеријалите чинат речиси колку високо квалитетен челик, но трошоците за нивно обработување се ниски. Легурите се составени од неколку метали, како цирконум, никел, титаниум и бакар. Тимот ги обликувал легурите со дување на ниски температури и притисоци, каде што ваквите легури стануваат драматично помеки и течни како пластика но не кристализираат како нормален метал. За да ја одржат идеалната температура за обликување, легурите биле обработувани или во вакуум или во течност.

„Трикот е во избегнувањето на триење кое е пристуно кај другите техники за оформување“ додал Шроерс. „Обикувањето со дување целосно го отстранува триењето што ни овозможува да создаваме голем број комплицирани форми, дури и на минијатруно ниво.“ Преку обликувањто со дување тимот успеал да комбинира три чекори во традиционалната обработка на метали (обликување, спојување и финиширање) во еден, што им овозможило да компресираат напорна и долга обработка во помалку од една минута. [Stronger than steel but moldable as plastic]

- Реклама -