Леброн ги собра наградите од ESPN

Водечката американска спортска мрежа ESPN ги додели наградите за најдобрите спортисти за изминатите дванаесет месеци, избор којшто во машка конкуренција мина во апсолутна доминација на Леброн Џејмс.

Супер ѕвездата на Мајами Хит, којшто стигна до својата прва титула во кариерата, ја доби наградата за најдобар спортист на светот, што беше најпрестижна категорија во изборот, а во негови раце завршија и признанијата во категориите за шампионски настап на годината и за NBA играч на годината. Згора на тоа, Џејмс е дел и од спортскиот тим на годината – Мајами Хит.

Леброн не беше присутен на доделувањето на наградите бидејќи со селекцијата на САД се подготвува за настап на Олимписките Игри во Лондон.

Прочитајте и:  Велешкиот театар со две награди на 20. Меѓународен фестивал на актерот во Никшиќ, Црна Гора

Новак Ѓоковиќ, кој исто така не беше присутен за во живо да ја прими наградата, беше избран за најдобар тенисер, Лионел Меси е награден за најдобар интернационален спортист, додека Џереми Лин го доби признанието за играч со најголем развој.

Дејвид Бекам се закити со наградата за најдобар фудбалер во MLS лигата, Џонатан Квик е најдобриот играч во NHL, додека квотербекот на Грин Беј Пакерс, Арон Роџерс, е избран за најдобар играч во NFL лигата.

- Реклама -