„Ле Монд“: Најгласни поддржувачи на европроширувањето се оние кои сакаат дестабилизација на ЕУ

Франција, Германија и Холандија не одобрија отпочнување на пристапни преговори меѓу Европската унија и Северна Македонија и Албанија, пишува францускиот „Le Monde“, додавајќи дека немањето одобрување од германскиот Бундестаг им дало добар параван и на останатите колебливи членки да не го поддржат проширувањето на Унијата со двете кандидатки од Западен Балкан, наспроти бројните предупредувања за можните опacни реперкусии од таквиот чекор, од кои дел доаѓаат и од претседателот на Комисијата, Жан-Клод Јункер.

Le Monde, објаснувајќи ги причините за негативниот став на Франција, истакнува дека најголемите поддржувачи на европроширувањето всушност немаат искрени намери. Како такви ги набројува Унгарија, Полска и Италија – земји кои се предводени од популистички партии кои не ѝ мислат добро на Унијата, туку напротив – се залагаат за нејзина дестабилизација и распад, или барем разнишување на нејзините институции. Тие се надеваат дека вклучувањето на нови членки како Северна Македонија и Албанија ќе се покаже како алатка што ќе го забрза тој процес, констатира Le Monde, пренесува МИА.

Прочитајте и:  „Фигаро“ ја повлече веста дека Франција и Велика Британија и дозволиле на Украина да нападне длабоко на територијата на Русија

Холандија и Франција, пак, го имаат сосема спротивниот став, истакнува весникот; Холандскиот парламент ја отфрли идејата за било каква одлука за Албанија во 2019-та, а Франција одбива проширување без (1) претходно да се зголеми интеграцијата во самите сегашни рамки на Унијата, (2) без да се процени нејзиниот „апсорпционен капацитет“, и (3) без да се разгледа алтернативната стратегија кон балканските земји: Како истите да останат „врзани“ за Европа, без притоа вистински да се интегрираат?

Црна Гора преговара за членство од 2012-та, а Србија од 2014-та година. Босна и Косово – кое не е признаено од пет ЕУ членки, засега се само „потенцијални кандидати“, потсетува весникот.

- Реклама -