LCD Soundsystem се реобновува

Фронтменот на бендот LCD Soundsystem, Џејмс Марфи потврди дека овој денс-панк состав ќе се обнови, меѓутоа само за една пригода, откако групата официјално се распадна во февруари, минатата година.

Џејмс Марфи

Во разговор за New York Times Марфи објаснил дека некој пријател режисер го замолил да ја обнови групата, за заеднички да изработат песна за саундтракот на неговиот најнов проект. Тој одбил да обелодени за кој режисер станува збор, а не го открил ни името на филмот за кој ќе работи на музиката. Само сувопарно открил дека станува збор за преработка на песна.

Освен тоа, фронтменот истакнал дека во последниот период постојано работи на своите соло-песни, кои ги снима во туѓи студија, но засега останува непознато дали и кога тие ќе се најдат на неговиот прв соло-албум.

Последните звуци на LCD Soundsystem се снимени на концертниот филм Shut Up And Play The Hits, кој ќе биде премиерно прикажан во американските киносали на 18 јули, а потоа ќе започне со дигитална дистрибуција на ДВД.

{youtube}rPIVX44T9Zc{/youtube}

- Реклама -