Lazy Kidz Visualz : Уникатна сложувалка од визуелни ефекти

Димо и Џон, познати како Lazy Kids Visualz  се луѓето кои визуелно  го украсуваат сценскиот простор, а се почесто можете да ги видите низ Скопје, па и пошироко.

Тие за себе велат дека се едни од ретките кои што се занимаваат со оваа работа во Македонија, а целата инспирација ја црпеле сложувајќи ги нештата кои ги гледале и ги прифатиле како постулати во нивната понатамошна работа.

Во тој контекст ги  издвојуваат Laibach и целиот аудио-визулен концепт кои го имаат на нивните живи настапи.

537222_165675086962905_1181503105_n

– Секако ние бевме позаинтересирани за визуелниот дел, затоа и продолживме да се развиваме на тоа поле. Цела оваа авантура започна на почетокот од оваа година кога имавме само желба и идеа за тоа што би работеле во иднина“, додаваат тие за 365.

– Од тогаш имаме настапувано на повеќе забави во Скопје, Бош Фестивалот во Гевгелија, Бела Ноќ на Школка заедно со Радио МОФ, забавата на Јури Хулконен во организација на Pure Soul и други.

Во моментов соработуваат  и со младиот продуцент/DJ Владимир Кескоковски-Кеско, со кој заедно работат  на проектотKeskoLive.

– Во принцип настапуваме секаде каде што ќе не поканат, меѓутоа најчесто сме во клубот Капан Ан и Папаја заедно со момците од DropSeries и Tечна Кујна/BTKRSH.

1375799_165674553629625_24096049_n

Ако не сте запознаени со нивната работа, погледнете го следното видео, а ако сте , продолжете да ги следите.

[youtube]http://youtu.be/9q2jQFDn3OM[/youtube]

- Реклама -