Еден од најпознатите италијански специјалитети можете да го направите на многу различни начини, бидејќи основата е кора, а филот може да биде што ќе посакате. Класичните лазањи се филуваат со мелено месо о бешамел сос, но нема да погрешите и доколку ги направите со шунка, печурки или мешан зеленчук.
Лазања со шунка и печурки
Потребно е:
Плочки за лазањи, 7 јајца, 500 гр. шампињони, 350 гр. буковка, 50 гр. шунка, 4 дл павлака, малку мелено мускатно оревче, 50 гр. рендан кашкавал, магдонос, масло, сол, бибер
Начин на приготвување:
Изматете ги јајцата со павлаката, посолете, ставете малку бибер, мелено мускатно оревче и ренданиот кашкавал.
Посебно исецкајте ги шампињоните и буковката, малку посолете, додадете бибер и исецкан магдонос, пропржете и додадете ја шунката.
Тавата подмачкајте ја со масло, ставете 3 лазања-плочки и намачкајте ги со малку од крем-смесата. Потоа пола од смесата со шампињоните прелијте го врз лазањите.
Загрејте ја рерната на 180 степени и печете околу 45 минути. Петнаесет минути пред крајот истопете малку путер, додадете му магдонос и посипете одозгора.
Лазањи за сладокусци
Потребно е:
340 гр. брашно, 300 гр. спанаќ, 3 јајца
За филот: 1 дл болоњезе сос, 40 гр. путер, малку црн тартуф, супа од зелечнук
Начин на приготвување:
Замесете го зеленото тесто со 300 гр. брашно, јајца и спанаќ и оставете го да отстои половина час. Растопете го путерот во сад и мешајќи додадете го остатокот од брашното и супата. Згуснете го белиот сос на тивок оган. Расукајте го тестото и исечете го на правоаголници од 8 х 14 сантиметри. Варете ги 6 минути во посолена вода со неколку капки масло, извадете ги и ставете ги на сува крпа.
Премачкајте го калапот со масло и споете го тестото, прелијте го со болоњезе сосот, белиот сос и ренданиот тартуф, и повторувајте ја постапката додека има продукти. Завршете со белиот сос. Печете во рерна 10 минути на 200 степени. Може да се посипе со пармезан.
Лазањи со зеленчук
Потребно е:
500 гр. тесто за лазањи, 1кг домати, 250 гр. пиперки, 250 гр. брокули, 500 гр. рендано сирење, 1 главица лук, 4 сварени јајца, 1 кришка леб, 0.8 дл маслиново масло, сол, бибер
Начин на приготвување:
Издинстајте го лукот, доматот и пиперката на малку масло. Кога зеленчукот ќе биде готов, додадете ги цветовите брокула и внимателно промешајте. Посолете по вкус, Обарете го тестото за лазањи во солена вода, исцедете ги и измијте ги со ладна вода. Во тава премачкана со путер, посипете малку сос од зеленчукот, ставете ред тесто, па повторно посипете уште малку сос, сирење, и така се додека не го потрошите целиот материјал. На крај целото наросете го со ренданото сирење и исецкајте коцки путер над сирењето. Испечете во загрена рерна на умерена температура околу 20 минути.