Лавров со порака до Израел: Уништувањето на Хамас е нереална цел

За време на престојот во Малезија, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров оцени дека на крвопролевањето во Газа не му се гледа крајот

Сергеј Лавров, министер за надворешни работи на Русија

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, денеска изјави дека уништувањето на Хамас е нереална цел на Израел.

За време на посетата на Малезија, Лавров го сподели мислењето на својата земја, а тоа е дека на „крвопролевањето во Газа не му се гледа крајот“.

„Израел преку Нетанјаху вели дека војната нема да заврши додека Хамас целосно не се искорени. Според мене и многу мои партнери, тоа е нереална мисија. Хамас продолжува да постои и има доволно способности и поддршка, вклучително и во муслиманскиот свет“,

посочи рускиот министер за надворешни работи.

Лавров оцени и дека „Израел го спречува постигнувањето договор за прекин на огнот во Газа“ и покрај тоа што одредени земји се обидуваат да понудат компромиси.

Тој смета дека е погрешно да се исклучат Палестинците од тие напори и најави продолжување на помошта за да се обнови палестинското единство.

- Реклама -